Промени тема
Контакт

Министерството за здравство: Се намалува бројот на нови пациенти во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Министерството за здравство соопшти дека е забележано почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит во Гостивар, додека надлежните институции и понатаму внимателно ја следат состојбата на терен.

Според податоците од Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, во текот на вчерашниот ден биле евидентирани 564 новопрегледани пациенти, што е помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 649 пациенти и бил достигнат дневниот максимум.

— реклама —

Досега во Општата болница Гостивар се евидентирани вкупно 1.554 пациенти, а во Здравствениот дом 1.392. Четирите лица кои беа хоспитализирани, се пуштени на домашно лекување.

Од Министерството информираат дека досега се поднесени 140 формални пријави, кои ги обработуваат епидемиолошките тимови на Центарот за јавно здравје – Тетово и Институтот за јавно здравје. Во рамки на активностите се спроведени и 81 епидемиолошка анкета.

— реклама —

Надлежните посочуваат дека кај најголемиот дел од пациентите клиничката слика е лесна и дека продолжуваат сите неопходни епидемиолошки, лабораториски и превентивни мерки.

— реклама —

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за одржување лична хигиена, а при појава на повраќање, дијареја, покачена телесна температура или знаци на дехидратација, навремено да побараат лекарска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања