Промени тема
Контакт

Министерството за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
ministerstvo-za-zdravstvo

Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна, иако е регистрирано дневно зголемување на бројот на први прегледи, соопшти Министерството за здравство.

Според податоците, на 31 јули биле евидентирани 60 први прегледи, што, како што посочуваат од Министерството, е значително помалку во споредба со 18 јули, кога бил достигнат пикот со 649 прегледи.

— реклама —

Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Во истиот период се примени 1.028 формални пријави за заразна болест, а изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент.

Во однос на западнонилската треска, од Министерството информираат дека до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи.

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето, а се очекуваат резултатите од лабораториските анализи.

— реклама —

Министерството за здравство соопшти дека во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи продолжува со засилен епидемиолошки надзор и најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови сознанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 6 дена

media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

Силен мирис на запалено во Гостивар, Ангелов: Не гори Русино, ниту дивата депонија во Чегране

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања