Промени тема
Контакт

Министерството за земјоделие наместо земјоделците ги штити трговците, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190520_080044

Наместо да го забранат извозот на јачмен и да го заштитат македонското сточарство, а со тоа да обезбедат и поевтино месо и млеко од домашен пазар за граѓаните, министерството за земјоделие предводено од Љупчо Николовски пак ги штити интересите на извозниците, вели Левица

„Дваесет и пет здруженија на земјоделци, како и мелничарите од Македонија побараа забрана за извоз на жита. Сите подсекторски групи со кои МЗШВ одржа состаноци во изминатиов период имаа само еден главен заклучок: ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА ЖИТА.

— реклама —

Но, и покрај барањето на сите нив за забрана на извоз, и нивното укажување во каква очајна ситуација се наоѓаат, особено поради тоа што субвенциите сѐ уште не се исплатени, МЗШВ остана глуво за барањата и не го забрани извозот.

Како многупати до сега, наместо да биде слушнат гласот на производителите, повторно е слушнат гласот на извозниците и повторно добивката ќе оди во џебот на 2-3 фирми блиски до министерот Љупчо Николовски и неговиот заменик, Абдулшуќур Абедини од Алтернатив, а граѓаните ќе плаќаат најскапа храна во регионов и при тоа ќе одвојуваат и даноци за субвенции на земјоделството!

— реклама —

Последниве десетина дена забрзано се ивезува македонскиот јачмен во Грција по цена од 330 евра/тон, односно по 21 ден за килограм, додека на производителите им се откупува по 15 денари од кг. Додека цената на домашното месо во месарниците расте секој ден, јавно го прашуваме министерот Љупчо Николовски:

- Дали се пополнети стоковите резерви и дали сме подготвени да ја презимиме страшната зима што се најавува?

— реклама —

- Дали субвенциите кои им се исплаќаат на земјоделците со цел опстојување на земјоделецот и поевтина храна за граѓаните, а се плаќаат од даноците што ги одвојуваме сите, имаат за цел подобрување на состојбите во земјоделството или имаат за цел да се прелеат во џебовите на фирмите блиски до министерот?

- Дали на есен ќе плаќаме многу поскапи житни култури од увоз, за пак да профитираат фирми за увоз –извоз блиски до Министерот?

— реклама —

-Дали министерот ќе им објасни на граѓаните дека фармерите и земјоделците не се виновни за поскапувањето на храната, туку виновни сте вие што штитите приватни интереси на поединци?! Додека млекото им го откупувате по 19 денари, дозволувате истото по маркетите да се продава по 60 денари! Додека нашите земјоделци плаќаат најскапи и несубвенционирани енергенси и репроматеријали, уште ги немаат добиено субвенциите за претходната година?

До каде оди алчноста и военото профитерство, ваше и на вашите бизнис пријатели“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања