„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Министрите од економски ресори на средба со стопанските комори: Исполнети се сите предуслови 2019 биде економска година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_4450

Денес, во Владата на Република Македонија се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, којашто произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ). Главна цел на овој процес е воспоставување на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор преку кој ќе се придонесе за подобрување на состојбите во деловното опкружување, зголемување на конкурентноста на стопанството, подобрување на квалитетот на домашните производи и услуги и забрзување на севкупниот економски раст и развој на Република Македонија.

— реклама —

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, разговараа со претседателите на стопанските комори Бранко Азески (Стопанска комора на Македонија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на Северозападна Македонија) и Горан Попоски (МАСИТ).

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата во Меморандумот за соработка се обврза дека забрзано ќе работи на решавање на прашања за економски развој, за создавање поволна клима за работа, за привлекување на нови странски инвестиции и поддршка на домашните компании и за владеење на правото. Тој додаде дека заедно со стопанските комори, но и со академската фела и меѓународните организации, преку отворен дијалог и најтранспарентен начин работиме на подобрување на регулативата и политиките за економски раст.

— реклама —

„Индустријата, градежништвото, земјоделството и трговијата учествуваат со 50-60% во создавањето на Бруто домашниот производ. Ако се анализираат резултатите оваа година, три од четирите гранки бележат пораст, единствено градежништвото во првиот квартал бележи намалување. Ако градежништвото се врати во нормала, што се очекува, а останатите гранки ги задржат проектираните стапки на раст, се исполнуваат сите услови 2019 да биде економска година. Градежништвото ќе се врати назад, никогаш повеќе патишта во истиот момент не биле во изградба, првата фаза на железницата кон Бугарија интензивно се работи, а наскоро ќе започне со изградба и втората фаза на оваа железничка делница. Во моментов петнаесетина странски компании градат свои производствени капацитети, ќе се градат два големи комплекси и сето тоа ќе има импакт на градежништвото до 60 милиони евра месечно, што ќе доведе до раст од 3-7% само во градежништвото“, потенцираше Анѓушев

На денешната седница од страна на коморите беше предаден преглед на позициски документи до Владините претставници, кои опфаќаат прашања по однос регулатива во фаза на менување или постоечка, со цел детална разработка на истата и поставување на финални и конкретни одговори од сооодветните институции.

„Би сакал да ја издвојам соработката со Министерството за земјоделство, како ветувачка соработка во склоп на која како комори веќе имаме висок степен на инклузија. Дополнително ја истакнуваме соработката со Министерството за информатичко општество и администрација, поврзано со инспекцискиот надзор, која соработка се надеваме дека ќе резултира со донесување на квалитетен закон. Ја поздравуваме и работата на Министерството за труд и социјална политика, во однос на разбирањето за потребата и поддршката за развивање на нов закон за практиканство. Моменталниот статус на предлог законот е дека истиот е усвоен на Влада и чекаме негово донесување во Собрание“, изјави Горан Попоски, претседател на МАСИТ кој е и претседавач на Комисијата.

Денешната седница е уште еден од чекорите за интензивирање на соработката помеѓу Владата и приватниот сектор. Меѓусебната соработка треба да резултира со подобрување на бизнис регулативата, како и во креирање на економски политики и мерки со кои ќе се поттикне стопанството и економскиот раст и развој на Република Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања