МИОА направи и премногу за локалните, регионалните и националните телевизии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерството за информатичко општество и администрација реагира на најавениот штрајк на здружението „Медиум Објектив“ Во реакцијата од МИОА се вели:

— реклама —

Во однос на најавениот штрајк од страна на членките на здружението Медиум објектив, Министерството за информатичко општество и администрација сака потенцира дека не е направена селекција и дискриминација во обезбедувањето на помош на медиумите погодени од кризата предизвикана од Ковид-19.

Како потврда за тоа се следните аргументи:

— реклама —

  • АВМУ ги ослободи сите радиодифузери од давачките за дозвола за емитување кон Агенцијата за 2020 година
  • Владата обезбеди средства од Фондот за борба против последиците од кризата со коронавирусот, со кои се покрија трошоците за емитување на дигитален сигнал, односно трошоците за мултиплекс, за сите радиодифузери (национални, регионални и локални)
  • Владата подготвува уредба со која радио станиците би се ослободиле од обврската за плаќање на годишниот надоместок за користење на фреквенции кон Агеницијата зе електронски комуникации

Со овие уредби, всушност се покриваат сите трошоци кои сите радиодифузери ги имаат кон соодветните регулатори, во зависност од видот на лиценцата којашто ја поседуваат. Никој не е изоставен и нема никаква дискриминација.

Допонително, сите медиуми подеднакво добија и поддршка во висина од 14.500 денари месечно за секој вработен.

Владата е и понатаму отворена за разгледување и на дополнителни предлози за помош на медиуите. Би биле среќни и доколку би добиле конкретен предлог. Тоа до сега не се случи.

На 1ви јуни, здружението „Медиум објектив“ испрати допис без потписник и контакт, па како одговор јавно ги повикуваме на средба и разговор и доколку постои конкретен предлог стоиме на располагање да го разгледаме.

Наместо веднаш да посегнуваат кон штрајк, сметаме дека на заеднички состанок можеме да разговараме за сите предлози.

Сепак, ова е демократско општество и демократска земја и секој има право на свој начин да ги изразуа своето мислење, така што неспорно е правото на членките на „Медиум објектив“ на ваков начин да го изразат својот став.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања