Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МИОА објави алатка за пријавување на притисок на работно место во изборен контекст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
23062020_MIOA_Press-1

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на прес-конференција ја презентираше алатката за пријавување на притисок објавена на веб страната на Министерството. Министерот истакна:

„Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со воспоставената пракса на објавување алатка за пријавување на притисоци во предизборен период на својата веб страна. Цврсто стоиме на заложбата дека притисоци, уцена и злоупотреба во јавниот сектор нема и нема да има!

— реклама —

И за време на оваа кампања, исто како и претходните кампањи во изминатите 3 години, вработените во јавниот сектор ја имаат моќта на лесен и едноставен начин да пријават доколку некој им врши притисок во контекст на изборниот процес.

— реклама —

МИОА се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување. За ова организиравме и координативни состаноци со ДКСК, Народниот правобранител, Агенцијата за администрација, Државниот трудов инспекторат, Агенцијата за вработување, како и други надлежни институции. Целта е да се обезбедат и гарантираат сите предуслови за фер и демократски избори.

— реклама —

Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци. За ова веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.

Ова е само еден од механизмите кои МИОА ги презема во изминатиот период за целосна професионализација на јавниот сектор. Како што знаете Законот за ВРС е готов и единствено не е во сила само поради нефункционалното Собрание. Законот предвидува транспарентен и професионален избор, високи стандарди и критериуми за раководните позиции и претставува голем исчекор кон деполитизација на јавниот сектор.

— реклама —

Дополнително, ја менуваме културата на работење и после долго време, во овие три години јавниот сектор конечно работи согласно описот на своите задачи без притисоци и без да биде во служба на некој друг. Заробената држава е минато. Апелирам до вработените да ја користат оваа алатка и секој евентуален притисок да го пријават“.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања