„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

МИОА започнува процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_4310

Министерството за информатичко општество и администрација, започна консултативниот процес за измени Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. На денешната јавна расправа беше презентирана моменталната состојба, предизвиците при имплементација на овие два закони, како и предлози за аспектите во коишто тие можат да се подобрат.

— реклама —

Како што истакна министерот Манчевски, целта со измената на двата закони заедно со останатите реформи во јавната администрација е да се промени климата за работа на јавната администрација, законите да одговараат на реалната состојба, и да резултираат со регрутација на квалитетен административен кадар.

— реклама —

„Го започнуваме процесот на разговори и консултации со сите засегнати страни. Тоа е формулата за подготовка на измени на законите кои ќе одговорат на потребите. Покрај овие измени, работиме и на реорганизација на јавната админситрација и на нов Закон за висока раководна служба. Но, законските решенија не се доволни, потребна е промена на политичката култура и условите за работа“, истакна министерот Манчевски, посочувајќи дека законите даваат добра основа за начелата на мерит системот, но праксата покажала дека неопходни се измени во повеќе аспекти.

— реклама —

Државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија, се освнра на најчестите проблеми детектирани од институциите кои ги имплементираат овие закони.

„Опфатот, класификацијата на вработените во јавниот сектор, планирањето на вработувањата, мобилноста, трансфер листата, вработувањата на определено време, постапките за вработување и унапредување, платите... беа најчестто споменувани проблеми при разговорите со засегнатите институции. Оваа листа на проблеми, се потврда за неопходноста од менување на овие два закони“, рече секретарот Јахија.

На јавната расправа свое обраќање имаше и советникот за администрација од МИОА, Билјана Жагар Николовска.

„ Праксата покажа дека потребно е унапредување на моделот за управување со ефектот, односно оценувањето. Понатаму се јавува потреба од измени на постапката за мобилност, и да се овозможи мобилност помеѓу даватели на услуги и помошно технички лица, а притоа системот на административни службеници да остани комплетен“, заклучи Жагар Николовска, зборувајќи и за Балансерот, како алатка којшто не ги даде очекуваните резултати при планирање на вработувањето.

Директорот на Агенцијата за админситрација, Спасе Глигоров, зборуваше за трите аспекти кои од искуството на Агенцијата, треба да се изменат и дополнат во Законот за административни службеници.

„Во делот на постапката за вработување потребна е рационализација на условите за вработување и поедноставување на постапката. Исто така, потребни се измени и во постапката за унапредување. Што се однесува на заштитата на правата на админстративните службеници, потребна е рационализација на комисиите за водење на дисциплински постапки и ефектуирање на рокот за застареност за поведување на дисциплинска постапка “, информираше Глигоров.

Големиот број на присутни на дискусијата со примери од практичната примена, но и со препораки согласно направени истражувања придонесоа кон дискусијата, од што понатаму ќе произлезат и законските измени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања