Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Мис Карпош во време на фемициди“: професорката Бужаровска со остра критика кон Лукровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library2je1pdkoiat6djmRmkN

Професорката и писателка Румена Бужаровска реагираше на најавата за организирање избор на „Мис Карпош“ по повод 50-годишнината од основањето на општината, оценувајќи дека ваквата манифестација е несоодветна во период кога јавноста протестира против фемицидите и насилството врз жените.

— реклама —

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, најави дека на 28 ноември, како свечена завршница на одбележувањето на јубилејот, ќе се одржи избор на „Мис Карпош“.

— реклама —

Бужаровска потсетува дека во Карпош годинава трагично животот го загубиле Ивана и Катја, по што општината го одложила панелот „Семејно насилство – од закон до практика“, планиран за 9 март, но никогаш не го презакажала.

Според неа, неприфатливо е во време на протести, гнев и тага поради изгубените животи да се организира манифестација во чиј центар е оценувањето на физичкиот изглед и привлечноста на младите жени.

— реклама —

Таа смета дека жителите на Карпош заслужуваат достоинствена прослава на јубилејот, со програма што ќе го истакне богатото културно и уметничко творештво на бројните уметници, музичари, писатели, актери и режисери кои живеат или твореле во општината.

— реклама —

„Многу сме, гневни сме и доста ни е“, порачува Бужаровска, предупредувајќи дека незадоволството на граѓаните нема да ја заобиколи манифестацијата доколку таа навистина се одржи.

media-library9sqsai8361u92u0ILbh

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања