Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мисајловски: 80.000 потписи за една недела е навистина добар ветер во грб, да ставиме крај на политичкиот попис кој што го наметнува власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Vlado-Misajlovski-26.02

Пред се сакам да истакнам дека сум премногу задоволен и премногу благодарен на многу македонски граѓани што ни дадоа потпис. Зборувам оној потпис на овие штандови за оној фалсификат попис. Сакам да најавам дека преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Мисајловски додаде:

— реклама —

Денеска тука во Ѓорче Петров, повторно сме на терен заедно со претседателот на Општинскиот Комитет секако и пратеник Бојан Стојаноски, со Дафина Стојаноска пратеничката, и со претседателот на Градскиот Комитет на Скопје Владимир Нелоски, и со многу луѓе што ни се приклучуваат на оваа акција за еден куп потписи да собереме, за да ни дадат поддршка на нас пратениците да го бутнеме овој фалсификат попис.

И затоа уште еднаш ќе кажам 80.000 потписи за една недела е навистина еден добар ветер во грб за сите нас пратеници. Се разбира потоа ние ќе го доставиме овој закон и во Собранието и ќе се надеваме се разбира да има слух оваа власт, да не тера со главата во ѕид.

Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција.

Насекаде во Македонија се чувствува оваа атмосфера и се чувствува расположението дека сакаат промени во власта. Видовте вие што се случува со овој попис, пред неколку дена општинските организации или како да се нарекуваат оние на СДСМ почнаа да ставаат огласи за попишувачи. Ова значи дека не е статистичка операција, ова е сепак политичка операција што ја тера власта со оние во нивната коалиција. И на крај бројките ќе бидат да речам фингирани.

Затоа народот е добро што ни се приклучува и оваа тема што ја кренавме е навистина на едно високо ниво и се надевам дека ќе имаме уште подобар резултат во периодот што следи.

Затоа би завршил со овој дел, само со уште едно големо благодарам на сите граѓани бидејќи навистина многу ни значи, истакна Мисајловски.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања