„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мисајловски: Ако со Заев Македонија го допре дното, сега со Ковачевски го проби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Misajlovski-12.06

Ако со Заев Македонија го допре дното, сега со Ковачевски го проби, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Вчера македонската јавност беше сведок на досега невиден меѓународен блам. Вчера видовме како Димитар Ковачевски го надмина Зоран Заев во секој поглед во погазувањето на достоинството и дигнитетот на државата преку срам на јавна меѓународна сцена.

Не се само понижувачки зборовите со кои Македонија беше посрамена и навредена на меѓународна средба пред балканските лидери и германскиот канцелар, туку уште повеќе тоа што Ковачевски сето тоа го проследи со недоветно смеење и одобрување.

— реклама —

Вчера кога го преставуваа како премиер на идна западна Бугарија, Ковачевски ако имаше грам достоинство ќе реагираше во одбрана на својата држава која ја претставува и за што зема плата од граѓаните, а не уште без врска да се смее и да се радува.

Што има за смеење и радување господине Ковачевски?

Ако вака понизно и со измеќарски пристап реагирате на јавни омаловажувања и понижувања на Република Македонија, тогаш е јасно дека вие немате кредибилитет и авторитет во меѓународните односи да ги застапувате и штитите македонските национални и државни интереси. Оваа вчерашна сцена само ја соголи вистинската слика за целиот сјај на бедотијата со која се води нашата дипломатија.

Очигледно дека тие кои ја негираат и омаловажуваат и се мајтапат на сметка на Македонија се охрабрени затоа што спроти себе имаат политичари без кичма, со измеќарска ментална матрица кои немаат патриотско чувство, туку само болна амбиција и желба за власт.

Почитувани,

Ова однесување на Ковачевски е срамно и бедно. За ваквото навредување на својата земја тој должи не само извинување туку оставка, како чин на одговорност за срамот кој се нанесе на меѓународна сцена. СДСМ е таа која должи извинување за ова поведение на Ковачевски, но тие решија тоа да го бранат.

Со тоа СДСМ решија да ја навредуваат интелигенцијата на своите граѓани. Ова кое што СДСМ се обидува да го направи е да го убедува народот дека тоа што некој го плука е всушност дожд.

Доволно се порази, понижувања и погазување на националното достоинство. Доволно се срам и неуспеси со оваа влада. Време е да се каже - премногу е! Време е за протест за промени. Народот на 18-ти јуни јасно и гласно ќе каже доста е за оваа власт на СДСМ и ДУИ, меѓудругото и заради овој срам кој го приреди Ковачевски.

Време е за избори и нова достоинствена и просперитетна иднина за Македонија“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zecevic-kovacevski-8

(Видео) Ковачевски одби да го пофали Миле Зечевиќ: беше ли тој најдоброто во СДСМ? Му се плаши ли?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Шефот одговара: Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ

Македонија | пред 1 година

IMG_3493

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања