Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Мисајловски: Државата ќе плати 100 милиони евра за хеликоптерите од „Леонардо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
helikopter

Мисајловски изјави дека државата годинава ќе исплати околу 100 милиони евра за договорот со „Леонардо“, со значајно влијание врз буџетот на одбраната, а испораката на хеликоптерите се очекува до крајот на следната година. По ревизија на договорот, потврдени се забелешките нотирани и од ДЗР и случајот го разгледуваат институции. Тој посочи дека цената пораснала од 213 на 249 милиони евра со ДДВ и дека при барање дополнителна опрема требало повторно наддавање. Како опции биле арбитража или продолжување со подобрување на условите; избрале второто поради ризици. Наведе и пропусти, меѓу кои недостиг на сериозно вооружување, со можност за доопремување.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 нагласи дека државата оваа година ќе исплати околу 100 милиони евра за договорот со „Леонардо“, што значително влијае врз буџетот на Министерството за одбрана.

— реклама —

Министерот информира дека испораката на хеликоптерите се очекува до крајот на следната година..

— реклама —

Министерството направило ревизија на договорот за набавка на хеликоптери од италијанската компанија Леонардо, но дека клучната цел останува тие да пристигнат во земјава без доцнење. Мисајловски рече дека ревизијата ги потврдила забелешките кои претходно биле нотирани и од Државниот завод за ревизија, по што случајот е разгледуван од надлежни институции.

— реклама —

„За мене најважно е хеликоптерите да пристигнат. Станува збор за огромна индустрија, а ‘Леонардо’ е една од најголемите компании во оваа област и нивни хеликоптери користат повеќе НАТО држави“, изјави Мисајловски.

Тој посочи дека првичната понуда за набавката била околу 213 милиони евра, но договорот подоцна пораснал на 249 милиони евра со вклучен ДДВ, што според него е едно од најсериозните прашања во процесот.

„Доколку во постапката се бара дополнителна опрема, тогаш тоа требало повторно да се понуди и на другите компании кои учествувале во постапката, за да се види дали ќе има подобра цена“, рече министерот.

Мисајловски објасни дека пред институциите постоеле две опции – арбитражна постапка за целиот договор или продолжување на процесот со подобрување на условите.

„Арбитражата носи ризик да останете и без хеликоптери и без средства, а можни се и пенали. Затоа ангажиравме адвокатска куќа која детално го анализира договорот и предложи чекори за подобрување на условите“, истакна тој.

Според него, во договорот има пропусти, меѓу кои и тоа што хеликоптерите не доаѓаат со сериозно вооружување.

„Воен хеликоптер треба да биде соодветно вооружен. Овие се повеќенаменски, претежно транспортни, но постои можност дополнително да се догради вооружување и тоа ќе биде една од темите на разговор во следниот период“, додаде Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8tj6aj5gvdod0VBeB7Q

(Видео) Хеликоптер на брза помош се урна во Либија, загинати пет лица

Свет | пред 1 месец

media-libraryepaltrnor8i1bRUVuTa

(Видео) Туристи во шок, хеликоптер се распарчи пред нивните очи на калифорниска плажа

Свет | пред 5 месеци

IMG_7454

Скопјанец фрлал камења кон полициски хеликоптер што гаснел пожар

Македонија | пред 7 месеци

helikopter-Vasilevo

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер и во струмичко

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања