Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryk5a97mjudjf6bobVBPP

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, ја оцени изборната победа на партијата како историска и порача дека следува период на работа и исполнување на ветувањата кон граѓаните.

— реклама —

„Македонија е обоена во црвено. Од Кичево до Кочани, од Брвеница до Валандово – граѓаните го направија вистинскиот избор“, изјави Мисајловски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освоила 54 општини и градот Скопје, а заедно со коалиционите партнери вкупно 66 од 81 општина.

— реклама —

Тој ја нарече оваа победа „голема одговорност“ и порача дека фокусот на новоизбраните градоначалници ќе биде транспарентност, чесност и резултати. „Нашиот образ мора да остане чист, а тоа ќе го направиме со работа и проекти,“ рече Мисајловски.

— реклама —

Во обраќањето, тој се осврна и на победите во неколку општини, меѓу кои Кичево, Брвеница, Карпош и Скопје, истакнувајќи дека токму таму се покажало „обединувањето меѓу сите етнички заедници“.

media-librarytlvum16p1gu32s10Qs4

„Историска е победата во Кичево, каде што граѓаните од сите етнички заедници гласаа за Александар Јовановски. Тоа е пример како ќе се гради Македонија – преку обединување, а не преку поделби,“ нагласи Мисајловски.

Тој додаде дека СДСМ и ДУИ доживеале тежок пораз и повика на нивна реформа, со оценка дека граѓаните „веќе ги прочитале нивните политики“.

Мисајловски им се заблагодари на сите што гласале, но и на оние што останале дома, уверувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да го промени нивното мислење преку дела, а не зборови.

„Доста е Македонија да биде апатична. Време е да покажеме дека народот заслужува повеќе. Веќе сега, премиерот Христијан Мицкоски во Брисел се бори за нашите заложби за членство во Европската унија,“ рече потпретседателот на партијата, завршувајќи со порака дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да делува со „гордост, достоинство и интегритет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 4 седмици

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 1 месец

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања