Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мисајловски: Ова што Зоран Заев го прави во Вевчани е крајно нечовечки и против македонската традиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vlado-misajlovski

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно?" гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, како и за моменталните насилни упади на МВР во Вевчани по повод Вевчанскиот карневал.

— реклама —

Мисајловски истакна дека ваквото насилно влегување во Вевчани само укажува на фактот што Зоран Заев е цврсто решен да погази се што е македонска традиција и се што е поврзано со македонскиот народ. Тотално непочитување, погазување и ништожење на Македонија и нејзините граѓаните, вели Мисајловски.

— реклама —
— реклама —

"Ваква традиција која што постои со долги години наназад не заслужува ваков третман. Условите не се сјајни и идеални, сигурно морало да има поинаков протокол, но да влегуваат специјалци и да заплашуваат народ и згора на тоа да приведуваат мештани е крајно бесчувствително и ненормално. Но, за жал, Македонците научија како функционира Зоран Заев и ова не е нешто кое што не изненадува", заврши Мисајловски

— реклама —

Ако Зоран Заев велеше дека се бори со режим и дека победил режим, тогаш ова што сега се случува е еднакво на егзодус, масовно духовно убиство врз сопствениот народ. Република Македонија и граѓаните треба да го запаметат овој ден и да знаат кој е тој кој што е насилник и го повредува сопствениот народ при секој мал традиционален настан, заврши Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања