Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Мисајловски: Сакам да ги повикам сите граѓани да се обединат, останува уште многу малку време до првиот круг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Vlado-Misajlovski-13.04.2024

„Еден убав ден во Куманово. Навистина ми е драго што гледам позитивна енергија. Денеска тука премногу млади луѓе, имаме авангарда од Куманово, уметници, луѓе што се препознатливи во градот, нашите кандидати за пратеници но денеска сакам една убава вест да споделам со сите вас, а тоа е дека Куманово има една преубава позитивна енергија и целата енергија води кон Гордана Силјановска Давкова.

— реклама —

И навистина е тоа убаво чувство, убаво чувство да се каже тука од Куманово една убава вест за сите“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 2.

Тој додава:

— реклама —

„И сакам да ги повикам сите граѓани да се обединат. Останува уште многу малку време до првиот круг. Но, првиот круг е многу важен. Да испратиме огромна порака тука од Куманово, од центарот на Куманово дека сите и млади и стари, сите независно од кој етникум се сите сакаме да се сплотиме и да донесеме промени. Да донесеме промени за горда Македонија, за Македонија што е навистина европска. Македонија која ќе биде горда за секој еден независно од каде е.

Затоа ве повикувам од тука, од најголемиот град во државата, од слободно Куманово сите заеднички, за Гордана да победиме. Така ќе победи и Македонија и потоа полесно ќе биде на 8 мај да направиме уште во првиот круг над 100 илјади гласови разлика и тој бран да продолжи и за парламентарните избори.

Ги повикувам да се сплотат, бидејќи овој тим, позади мене е прекрасен тим, овие луѓе се иднината, овие луѓе се тие кои набрзо ќе ја водат Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања