Промени тема
Контакт

Мисајловски: Со 12 милиони евра ќе се реконструираат касарните низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarysbc774696dfs80nvtmA

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека со инвестиција од 12 милиони евра ќе се реконструираат касарните низ Македонија.

При посетата на касарната во Штип, тој истакна дека таму веќе се обновува објект со површина од 1.000 квадратни метри, за што се вложени 100 милиони денари.

— реклама —

„Касарната во Штип веќе добива нов реконструиран објект од 1.000 квадратни метри. Извршена е целосна обнова на внатрешната инфраструктура и фасадата. Договорена е и реконструкција на покривот на војничкиот ресторан, ќе се адаптираат хангарите, а предвидена е и изградба на нови“, изјави Мисајловски.

Во однос на модернизацијата на Армијата, министерот рече дека сите планирани и договорени проекти се реализираат според предвидената динамика.

— реклама —

Тој посочи дека веќе се испорачани првите возила за обновување на возниот парк, а во текот на следниот месец ќе бидат адаптирани и дополнителни возила. Најавено е и пристигнување на два хеликоптери, како и набавка на современи системи и опрема со поголема огнена моќ.

— реклама —

Мисајловски информираше и дека се очекува испорака на 10 оклопни возила од Турција, додека во завршна фаза е тендерската постапка за набавка на 4.000 униформи и исто толку пара војнички чизми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања