Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на Фејсбук објави фотографија од реконструкција на пат и праша дали ова е градежната офанзива на владејачкиот СДСМ.
Асфалтираниот дел, како што се гледа од фотографијата, наместо рамен е брановиден.

Но, набргу стигнаа и коментари со критики за ширење лаги бидејќи фотографијата која ја објави всушност е од Германија за која пишувале и германските портали. Фотографијата е од малата општина Киршдорф во покраината Баварија.
Костадин Костадинов пак портпаролот на СДСМ во своја објава на ФБ пишува:
Има ли дно срамот на вмро-дпмне?
Веројатно не, кога зборувам дека освен деструкција, лаги и манипулации друго не знаат и не ги бива за ништо мислам на ова!
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218927679076113&set=pcb.10218927684436247&type=3&theater