Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Мисајловски: Ветуваме дека ќе инвестираме 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, образованието,здравството и животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Vlado-Misajlovski

Вчера граѓаните покажаа на чија страна се. Вчера граѓаните покажаа дека се со ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните покажаа дека се за обнова на Македонија.  Уште само 12 дена од заминувањето на Зоран Заев од премиерската позиција и уште само три и пол месеци од победата на ВМРО-ДПМНЕ и почетокот на обновата. Времето на политикантите помина. Секој што се огрешил пред законот и пред народот ќе одговара, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во народот владее апатија, разочараност од се до сега што се случуваше. Оваа генерација во ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од сите политичари во Македонија до сега. Нема ветување на невозможни работи, но се што ќе се вети, ќе се исполни.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, во проектите, во образованието, во здравството и животната средина.

Ќе спроведеме целосна обнова.

— реклама —

Во доменот на инфраструктурата ќе реализираме инфраструктурен бум со цел побрз развој на државата, во делот на образованието се обврзуваме барем еден Универзитет да се најде на Шангајската листа, ќе го намалиме загадувањето за 50%, ќе инвестираме во болници, клинички центри и опрема според потребите на граѓаните.

Во земјоделието исто така имаме специјален пакет на мерки, со редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп на земјоделските производи.

За пензионерите ќе го вратиме  стариот модел на пресметка за раст на пензиите два пати годишно. Тоа што им го укина Зоран Заев и Мила Царовска ние ќе го вратиме.

Спортот и културата ќе бидат на ниво на државни проекти.

Никој нема да смее да ги рекетира бизнисмените. Секој бизнисмен нека се чувствува слободен да инвестира и да креира нови работни места, а доколку некој се обиде да го рекетира тој бизнисмен, без разлика колку и  да е близок на партијата ќе одговара согласно закон.

Ќе спроведеме политика на принципи. Најважно за ВМРО-ДПМНЕ се принципите кои мора да постојат во политиката и во општеството. Македонија ќе има влада и премиер кој ќе и биде лојален.  Следува обновата на Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања