Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мисајловски: Власта не прави ништо за граѓаните во ниту едно населено место, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе иднина за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Многу е важно ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со оваа акција која ја нарекуваме „Ова е Македонија“, да ги кажеме нашите размислување за сите теми кои се моментално актуелни, но и да искритикуваме што централната власт апсолутно не прави ништо во ниту едно населено место, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски од Чучер Сандево во акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Мисајловски истакна дека во Чучер Сандево СДС и ДУИ ја имаат и локалната и централната власт но ништо не направиле за жителите.

— реклама —

Тука во Чучер Сандево ја имаат целата власт и локална и централна власт, и можеме да видиме дека ниту едно камче не е мрднато, а ниту пак планираат да направат нешто за оваа општина. Во ако ги слушните нивните изјави устите им се полни со ЕУ реформи, со нивни размислувања како ќе ја однесат Македонија во ЕУ, но може да видиме еден куп штетни договори и еден куп лаги и нетранспарентни процеси, рече Мисајловски.

— реклама —

Мисјаловски се осврна и на договорот со Бехтел и Енка, и потенцираше дека жали што владејачкото мнозинство не увиде дека станаа антиевропски пратеници бидејќи и самата европска делегација во Скопје се изјаснила дека овие закони не смеат да се носат со европско знаменце.

Можевме да видиме дека со европско знаменце на сила го поминаа оној фамозен договор за Бехтел и Енка каде што за прв пат во историјата во било која влада се носи ваков специјален закон каде што нема да важат законот за градење, законот за урбанистичко планирање, законот за експропријација и многу закони нема да важат бидејќи тие така решиле, посочи Мисајловски.

— реклама —

Жалам што овие пратеници не увидоа дека станаа антиевропски пратеници бидејќи самата европска делегација кажа дека овие закони не смеат да се поминат со европско знаменце, објасни тој.

— реклама —

Мисајловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со средбите со граѓаните, како и дека новата влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди иднина за сите граѓани на Република Македонија.

Ние ќе продолжиме да се среќаваме со народот и да разговараме за сите теми кои што народот го тишти и се разбира да нудиме решенија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ многу наскоро ќе ја води и новата влада и тогаш ќе има една подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија, порача потпретседателот Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања