Промени тема
Контакт

Мисајловски: Во СДСМ се натпреваруваат кој повеќе ќе украде, а обвинителството и судството ги споија со власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Vlado-Misajlovski-07.03

Во СДСМ како се натпреваруваат кој повеќе ќе украде. Тоа се случува во коалицијата на главните политички партии во власта. Секоја недела гледаме дека имаат злоупотреба на службената позиција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител телевизија говорејќи за случајот со Мухамед Зекири.

Мисајловски истакна дека ова што се случи со Зекири се случуваше и со неговиот претходник, но посочи дека ова не е пример само за нив двајца туку за целата влада, бидејќи бројни скандали се откриени изминативе 5 години, но немаат завршница.

— реклама —

- За една физибилити студија што треба да се направи за Пошта, за која викаа дека сакаат да ја продадат, скандалозно е да се направи тендер во 4 очи од скоро милион евра. Дури и други држави се заинтересирани за овој предмет и затоа започнаа постапка. Кај нас се споени владата, обвинителството од судството. Видовме како министерот за правда со обвинителите и судиите е прв другар. Затоа во Македонија никој не верува во судството. Ова е најкорумпирана влада, мафија има во власта, рече Мисајловски.

— реклама —

Мисајловски посочи дека имаше интересна реченица од обвинителството дека знаеле каде завршиле парите.

— реклама —

- Да видиме да се открие до крај каде завршиле парите. Уапсениот беше потпретседател на СДСМ и често пати излегуваше во јавноста и викаше дека сите се криминалци, ама изгледа си ја ишкаше мувата од капата. Сите извештаи укажуваат дека оваа влада е најкорумпирана. Секој ден има скандали, нерешени случаи и се ова може да заврши со предвремени парламентарни избори, нагласи Мисајовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања