Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мисајловски: Во Собрание се продава правдата, се лицитира со правото само за една цел, Заев да се спаси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
misajlovski

Денеска имавме многу убава можност и шанса да имаме убави состаноци тука во Општината Шуто Оризари. Да се видиме со граѓаните да разговараме со нивните проблеми. Ние од ВМРО-ДПМНЕ постојано сме на терен и добро е што ги слушаме граѓаните, нивните размислувања но и нивните критики па се разбира со една цел како да станеме подобри  и се разбира да победиме на 12 април, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Изборите ќе се случат набрзо, гледате што се случува во собранието. Еден голем пазар кој денеска тука во Шуто Оризари го констатиравме дека на пазарот во Шутка тоа не се случува.  Се продава правото, се продава правдата, се лицитира со закони и само за една цел да се спаси Заев и таа свита околу него како да побегне од избори да не одговара за сите криминали што ги направија овие три години.

Тука во Шуто Оризари фалат многу проекти, фалат нови улици, фали нова инфраструктура. Денеска драго ми е и што поранешниот градоначалник Коце Трајановски беше тука со мене каде што навистина  многу допринел како човек, но и како градоначалник за овие граѓани.

— реклама —

Ни требаат луѓе кои што навистина ќе се грижат. Овие дупки што ги има на секоја улица и ниту еден проект за овие граѓани тоа да стане минато. Ни треба свежа енергија и драго ми е и што комитетот на ВМРО-ДПМНЕ во Шуто Оризари се труди многу да ги посети граѓаните, да ја приближи нашата програма и да бидеме што повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија за сите граѓани, ние имаме една добра основа една добра подлога и тоа ќе го направиме. Шуто Оризари сака нови промени,  сакаат подобра Македонија.

Ние сите тука заедно сме  Република Македонија. Може да не разрешуваат во Собрание сите до еден, но секогаш  ќе има човек кој што ќе се бори за Македонија, бидејќи ние сите сме ВМРО-ДПМНЕ и заеднички сме граѓани на Република Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања