Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Мисајловски: Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlado-misajlovski

Дозволете ми најпрвин да им ја честитам победата на изборите за пратеници во Европскиот парламент на нашите сестрински партии од ЕПП и истовремено да му порачам на Зоран Заев да ги следи европските вредности и принципи и да си поднесе оставка поради сета стагнација во која минува државата во изминативе две години, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција, затоа што знае дека заминува во длабока опозиција.

— реклама —

Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ. Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните. Граѓаните се незадоволни од министерот Спасовски, а не од потпретседателот Спасовски, Скопјани се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.

— реклама —

Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов и Благој Бочварски се неспособни и до сега во раководењето на институциите покажаа никаков резултат. Токму затоа оставки мора да следат и од државните функции. Нивната неспособност не смее да се покрие само со партиски разрешувања.

— реклама —

Управувањето со МВР и обезбедувањето на јавниот ред и мир не е позначајно од потпретседателската функција во СДСМ. Токму затоа Спасовски мора да си даде оставка и од министерската функција. Убиствата по улиците кои станаа секојдневие, вооружените грабежи и запалените автомобили се повеќе од доволна причина. Спасовски треба и мора да си замине.

Администрацијата не е должна да ги трпи заканите на Манчевски. Граѓаните вработени во јавниот сектор заслужуваат почит и не треба да го трпат мобингот на Манчевски. Токму затоа Манчевски мора да си даде оставка и на министерската функција.

Скопје и Штип година ипол стагнираат. Нема ниту еден нов проект, ниту една нова инвестиција, нема нови булевари, улици и паркови, како во Скопје, така и во Штип. Не знаеме дали Шилегов и Бочварски потфрлиле во извршување на партиските функции, но во извршување на градоначалничките работи потфрлија со сигурност, а за тоа добија и потврда од граѓаните на последните избори.

Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е само една фарса за одвлекување на вниманието од секојдневното назадување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања