Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мишелин готвачот Џорџо Дијана со Матер часови по готвење во рамките на Taste Ohrid

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FB_IMG_1539871036738

Италијанскиот готвач со престижното признание Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, повторно ќе  биде гостин во Охрид, овој пат како дел од програмата на Факултетот за туризам и угостителство  каде ќе одржи неколкудневни Мастер часови.

— реклама —

Тој на пријавените студенти и претставници од  угостителските објекти во Охрид ќе им ги презентира новите техники на готвење со конзервирање на храната, пастеризација на продуктите, спорото готвење, како и важноста на новите техники и методи на готвење во кујната на модерните ресторани и хотели.

— реклама —

Покрај практичните обуки од затворен карактер, љубителите на гастрономијата ќе имаат можност да ги пробаат специјалитетите од славниот готвач.

— реклама —

Покрај Џорџо Дијана, гостин на пролетното издание на „Taste Ohrid“ ќе биде и Андреа Бијаџини, МТП Мишелин и сопственик на „Food & Lifestyle“. Неговото богато искуство во угостителството ќе го пренесе на претставниците од рестораните и хотелите во Охрид преку практичните обуки за маркетингот и неговото влијание врз туризмот, како и вредноста на рестораните во целокупната туристичка понуда на градот.

— реклама —

Покрај домашните и странските туристи во Охрид, на овој настан огранизиран од страна на Општина Охрид, ЕДЕН – туристички кластер на југо-западна Македонија и Факултетот за туризам и угостителство, ќе присуствуваат и високи претставници од дипломатскиот кор на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања