Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мислење од правниот тим на „Еуромакс Ресоурцес“: Владата има облигаторна обврска да одлучи за концесиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Во однос на јавниот интерест во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на Адвокатско друштво „Бона Фиде“ Скопје, кое што е правниот застапник на „Еуромакс Ресоурцес“ во процесите пред Управните судови:

— реклама —

dobivaj vesti na viber

“Друштвото за производство, промет и услуги „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје во јануари 2016 година, согласно член 61 од Законот за минерални суровини, има поднесено Барање за спојување на концесиите за проектот „Иловица-Штука“.

— реклама —

Член 61 Спојување на концесии (1) Во функција на рационално и економично истражување или експлоатација на минерални суровини, може да се врши спојување на две соседни концесии во случај кога концесиите се простираат на исто наоѓалиште за ист тип на минерална суровина. (2) На концесионерот му се дава можност да ги спои концесиите за експлоатација доколку се работи за ист сопственик и ист вид на минерална суровина.

— реклама —

Според истиот Закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање на образложен предлог од Министерството за економија кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви Записник, информираат од „Еуромакс Ресоурцес“.

По Барањето на „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило Записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година. Според Записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот Записник, Министерството за економија, во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на Барањето на Еуромакс за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети.

Ниту една од Владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено Одлука по конкретното Барање заради што „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор согласно македонското релевантно законодавство.

— реклама —

Управните судови дури во три свои одлуки потврдуваат дека тоа барање за спојување, поднесено во јануари 2016 година, претставува претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да донесе одлука. Тоа се следните одлуки: правосилните Пресуди на Управниот суд: У-6.бр.575/2019 од 31.03.2020 година и У-6.бр.131/2023 година и Решението на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.195/2022 од 09.02.2023 година, после кои донесена е и правосилната Пресуда на Управниот суд У-6.бр.131/2023 година за поништување на Одлуката на Владата за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина.

Оттука би сакале да укажеме дека Одлуката на Владата за спојување на концесиите од 27.06.2023 година е донесена во постапка која е иницирана по Барање за спојување на концесиите од 2016 година, за кое според Управните судови, Владата има облигаторна обврска да одлучи пред да превземе било какво друго дејствие“, велат од „Еуромакс Ресоурцес“.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања