„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мистерија судбината на турскиот бизнисмен чија напуштена јахта ја пронајдоа албански рибари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
jahta

Судбината на сопственикот на луксузната јахта, што албанските рибари ја пронајдоа напуштена на 12 милји од брегот на пристанишниот град Шенѓин и по три дена останува мистерија.  Од пронајдената патна испрва во јахтата утврдено е дека луксузниот пловен објект”Атик Беј” му припаѓа на турскиот бизнисмен Севгин Јавуз(31).

— реклама —

Во расветлувањето на случајот вклучени се Обвинителството за тешки кривични дела од Тирана, Интерпол Тирана, албанската тајна служба ШИШ во соработка со турските и црногорските влсти. Од размената на информации со колегите од Црна Гора потврдено е дека јахтата вредна два милиони евра и долга 13 метри на почеток на овој месец била закотвена во Будва, по крстарењето по хрватските територијални води и оти пред три дена испловила од Тиват.

— реклама —

Наспроти претходните информции дека на бродот имало и други лица, во последната информација се наведува дека Јавуз бил сам. Од досегашаната истрага на бродот е пронајдена риболовна опрема бидејќи Јавуз бил страстен рекреативен риболовец. Траги од евентуално насилство нема. Истрагата се води во две насоки: дека е можно додека рибарел од бродот да изгубил свест и да паднал во морските води и втората насока дека е жртва на шверцери на дрога. Во Албанија веќе е пристигнато неговото семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања