Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Митески: Дали со новиот закон за јавни набавки се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Власта влегува во нов обид за изборна корупција. Вчера, последен ден пред почетокот на кампањата владата побарала од сите органи кои извршуваат јавни набавки да донесат нови годишни планови со нови финансиски прагови, согласно измените во Законот за јавни набавки, операција која треба да ја изведат во ек на кампања, изјави Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

— реклама —

— реклама —

„Ова е циркуларен е - маил кој бил пратен до сите буџетски корисници, кои работат со јавни набавки. Од истиот се гледа дека власта бара од раководителите на овие институции да влезат во криминал, за сметка на креирање ситуација за изборна корупција и поткуп.

Измените во Законот за јавни набавки се донесени скоро пред месец дена и власта имаше доволно време да го направи потребното за институциите да бидат спремни да го извршуваат новиот закон, кој стапува на сила од 1 април. Зошто се чекаше последниот рок?

Дали со новиот закон се планираат нови тендери за Заеви и Анѓушев, дали со истиот се спремаат тендери за фирми финансиери на власта?

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција да постапи согласно чл.33 од Законот за спречување на корупција и да ја испита оваа можна злоупотреба на буџетски средства.  Исто така го повикува и дипломатскиот кор во земјава и сите меѓународни организации да апелираат на почитување на законите од страна на власта со цел гарантирање на фер избори.

Нема да дозволиме власта со парите на граѓаните да отвора простор за можен изборен поткуп“, изјави Митески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања