Промени тема
Контакт

Митева: Дефиниција за СДСМ е кога на неспособноста, незнаењето и криминалот ќе додадете ароганција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Miteva-05.06.2022

На денешната трибина „Ценовен шок, сиромаштија и неспособна влада“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ , свое обраќање имаше и Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ која што истакна дека струјата е скапа затоа што ЕЛЕМ произведува 1 милион мегават часови помалку, инфлацијата не е увезена туку е создадена од неспособноста на власта, а дефиниција за СДСМ е кога на неспособноста, незнаењето и криминалот ќе додадете ароганција.

„Континуирано се повторува тоа дека имаме намалено производство, дека имаме увезена електрична енергија, за да им биде појасно на граѓаните, можеме да им кажеме дека тој 1 милион мегават часови кој што е намалено производство, ние го купуваме за 250 евра на берза, односно тоа се 250 милиони евра кои што ние на годишно ниво ги даваме за електрична енергија а притоа сме можеле тоа да го направиме со домашно производство. Тоа се пари на граѓаните кои што можеле да бидат инвестирани во некои други капитални инвестиции“, нагласи Митева.

— реклама —
— реклама —

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Митева исто така нагласи и дека оваа состојба на инфлација во Македонија не е увезена, туку е создадена од оваа неспособна влада а дефиниција за СДСМ е кога на неспособноста, незнаењето и криминалот ќе додадете и ароганција.

— реклама —

„Кога на неспособноста, на незнаењето и криминалот ќе му додадете и ароганција тоа е типична дефиниција за СДСМ. Жал ми е што не успеавме да ја прокоментираме и изјавата на Битиќи каде што наместо да смислува мерки со кои што ќе помогне на пазарната економија и на луѓето кои што поради нивните мерки сега треба да ги зголемат цените на производите напротив упатува закани дека ќе прати инспекции. Тоа е вистинското лица на СДСМ,каде што неспособноста, незнаењето и криминалот го надополнуваат со ароганција, наместо со помош кон граѓаните и кон оние што треба“, заклучи Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања