Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Митева до Жерновски: Не сте воопшто информиран за случувањата со владиниот авион, се е согласно правилникот, нема ниту една злоупотреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryqc31ail95dfu7hgCYOs

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, која дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за пласирањето невистинити и манипулации од страна на СДС за користењето на владиниот авион, потенцирајќи дека користењето било согласно правилникот за работа на Владата и дека нема злоупотреба на државниот воздухоплов. Притоа нагласувајќи дека Владата се залага за политики кои обезбедуваат стабилност, предвидливост и економски напредок.

— реклама —

„СДС се служат со манипулации со невистинити во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако ја изгледал прес-конференцијата ќе знаел кои се причините, зошто и како е користен владиниот авион, дека истиот е согласно правилник за работа на Владата. Така да тоа се сите многу големи невистини кои постојано ги слушаме од СДС, можеме да ги видиме на дневните прес-конференции, но јавноста е доволно мудра за да заклучи зошто Владата носи определени политики, се залага за една политика која што значи предвидливост, стабилност за државата, економски напредок и ќе продолжиме во таа насока, а се надевам дека опозицијата вистински ќе се реформира. Апсолутно можам да кажам дека нема ниту една злоупотреба на користење на државниот воздухоплов“, рече Митева.

— реклама —

Митева во емисијата упати остра критика до Андреј Жерновски за молкот од страна на опозицијата, во однос на случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека токму одговорите за тоа кој е сопственикот и која е фирмата треба да се дадат од нивна страна.

— реклама —

„Одговори многу даваме, но некако од вашата страна го слушаме молкот, до каде водат тие 5, не 7, туку 40 тони марихуана, кој е сопственикот, која е фирмата, чиј претседател на општински одбор бил и така натаму, одговорите некако треба да дојдат од другата страна затоа што кога ќе се отворат многу прашања кои што во минатото ја создале таа матна вода, а вие некако денес во таа матна вода пробувате да ловите, не успева таа тактика, мора да бидеме концизни и конкретни кога ги кажуваме работите, има факти, има институции, има податоци коишто со текот на времето се повеќе и повеќе излегуваат на површина“, вели Митева.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 16 часа

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања