Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
28112024_Miteva

Портпаролката на Владата, Марија Митева, остро реагираше на денешниот настап на СДСМ, оценувајќи дека јавното обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција претставува директен и недозволив напад врз медиумската слобода.

Во јавно обраќање до медиумите, Митева истакна дека како личност која секојдневно е во директна комуникација со новинарите, чувствува обврска да реагира, посочувајќи дека молкот во вакви ситуации би значел откажување од одговорноста кон јавниот интерес.

— реклама —

Според неа, настапот на СДСМ, кој вклучувал графикони и политички квалификации за медиуми, не може да се смета за легитимна политичка дебата, туку за опасна пракса што потсетува на периоди кога, како што рече, преку јавен притисок се правеле обиди медиумите да се стават под контрола.

— реклама —

Митева нагласи дека Македонија не смее и нема да се врати на таков пат и дека актуелната Влада преку конкретни чекори покажува сериозна намера да обезбеди средина во која медиумите ќе работат слободно и без притисоци. Како примери ги наведе формирањето работна група за спречување на SLAPP тужби, отворениот дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, како и воспоставувањето институционални механизми за заштита на новинарите.

Таа оцени дека е лицемерно ваквите напади да доаѓаат од партија која, како што рече, декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите во минатото е добро познат на јавноста. Според Митева, времето на замолчување, селективен пристап, притисоци и омаловажувања кон медиумите е завршено.

— реклама —

„Колку и да постојат различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Тоа е знак на длабока структурна слабост и намера за притисок“, порача портпаролката на Владата.

— реклама —

Таа упати повик до целата медиумска заедница, новинарските здруженија, граѓанскиот сектор и сите кои, како што рече, искрено веруваат во слободата на изразување, јасно и недвосмислено да реагираат.

„Денес се на удар медиумите, утре може да биде секој критички глас“, предупреди Митева, додавајќи дека ваквите потези нанесуваат сериозна штета на медиумскиот простор во Македонија и можат да остават долгорочни последици доколку не бидат јасно осудени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања