Промени тема
Контакт

Митева: Кризите во Македонија брзо доаѓаат, траат многу долго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
miteva13022022

Македонија со оваа власт не е спремна да одговори на уште една криза покрај тие 4 кои веќе ги имаме, имајќи го предвид она што се случува и на економско поле и на надворешен план и ценам дека оваа влада нема капацитет да се справи со уште една криза, особено не од такви размери, изјави Марија Митева, член на ИК и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на 24 Телевизија, говорејќи во врска со можните последици од настаните во Украина и посочи дека мора како држава да ја следиме ситуацијата.

Митева истакна дека плаши фактот што кризите во Македонија брзо доаѓаат и траат многу долго и додека сите држави вее прават анализи, нашата влада се уште не презема никакви чекори.

— реклама —

- Она што мене ме плаши е дека во Македонија кризите брзо доаѓаат, траат многу долго, но бавно се надминуваат. Во една ваква консталација на настаните не можеме да очекуваме дека нас ќе не одмине, а гледаме дека останатите држави од регионот и светот веќе прават определени работни тела во кои членуваат определени владини претставници, на стопански комори, енергетски субјекти и прават анализи кои се очекувањата за 2 дена, 2 месеци или 1 година и врз основа на тоа ги прават своите економски проекции, посочи Митева.

— реклама —

Таа нагласи дека подобро е владата да се занимава како да ги неутрализира ефектите кои македонската економија ќе ги има.

— реклама —

Ако ние сме свесни дека Германија увезува гас од Русија , односно 40% нафта увезува, а 50% гас, а ако на Македонија топ држави со увозна и извозна соработка се Германија и Италија, би требало економскиот тим во државата да се запраша каков ефект ќе има тоа врз фирмите кои склучиле договор за набавка на 5 години, или суровините со железо и челик кои се очекува дека ќе растат, а се основен ресурс на индустријата како што се автомобилската и машинската, бидејќи имаме голем број на компании кои се занимаваат со тоа, изјави Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања