Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Сведоци сме на молк од МОН за потрошените половина милион евра за печатените привремени учебници. Молк за огромниот скандал преку кој власта повторно наоѓа простор и начин како да спроведува експерименти кои скапо не чинат. Молчат и не одговорија на прашањата за кои јавноста чека одговори, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„МОН наместо да обезбеди учебници за учениците согласно законските обврски, спроведува договор за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за еднократна употреба во основното образование во вредност од половина милион евра.

Почитувани граѓани, овие материјали, се со важност од само 3 месеци, внимавајте... за првото тромесечие од учебната година, и тоа само за прво, второ, четврто и петто одделение половина милион евра. Во бројка, тоа се скрипти за само 80.000 ученици. Дополнително, примената на овие привремени учебници во понатамошниот образовен процес се уште не е утврдена, најверојатно истите нема воопшто да се користат, или можеби ќе ги користат за адекватна замена онаму каде што ќе недостасуваат учебници бидејќи видовме, тоа годиниве стана пракса. Половина милион евра потрошени за една употреба.

— реклама —

Да биде состојбата уште по сомнителна, говори и фактот што овие т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта успеала ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Имено, станува збор за само една скрипта- учебник, внимавајте, само една скрипта од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. Дополнително, содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење.

— реклама —

Почитувани,

Отсуствува чувство на одговорност од Министерот Шаќири, каде запрашан од новинарите колку ја чинеше државата печатењето на овие привремени скрипти – одговори дека не знае, го нема тој податок. Ние знаеме – тие привремени материјали чинат 530 илјади евра.

— реклама —

МОН е должно да одговори – кој ги одобрил овие материјали, зошто се плаќа за дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници знаејќи дека оваа скрипта е збир на учебен материјал од минатата година и најважно кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа? Јавноста чека одговори“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања