Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Митева: Неспособноста на градските власти ги остави скопјани со непроодни улици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Marija-Miteva-14.02

Во моментов се наоѓаме на улицата „Тодор Чангов“, една од најпрометните улици во населба Лисиче, општина Аеродром.

— реклама —

Она што можеме да констатираме од терен е дека властите не потфрлија само во една работа, а тоа е во нивната неспособност!

Жално е ова што му се случува на Скопје! Најави за снежна покривка имаше пет дена наназад. Но, изгледа скопските градоначалници ова не го очекуваа или едноставно толку можат, истакна на денешната прес конференција Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Митева додаде:

Вчера бевме сведоци на непроодни улици, за жал сведочевме и на сообраќајни незгоди поради лизгавите патишта.

Ситуацијата беше иста во сите општини. Во општина Аеродром граѓаните немаа проодни патеки, а уште помалку проодни беа и главните улици и булевари. Иста слика и во општина Карпош, Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Гази Баба. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеа градоначалниците ја нема никаде! Ве прашуваме каде се службите, каде е механизацијата на градот?

Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. Градот Скопје троши милиони евра за чистење на снег, кој како што можете да видите воопшто не е исчистен. Снегот можеби ќе ја сокрие нечистотијата на градот, но ќе ја извади на површина неспособноста на Шилегов. Ништо подобра не е ни состојбата со државните, регионалните и магистралните патишта низ државата.

За ваквото неодговорно однесување, за ова неработење и за ова недолично однесување граѓаните ќе ви возвратат културно на локалните избори оваа година.

А, казната за несовесно вршење надзор врз сообраќајот се наоѓа во член 299 од Кривичниот законик. Но, тоа во некои други времиња кога законите нема да бидат само мртво слово на хартија, туку ќе важат подеднакво за сите!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања