Промени тема
Контакт

Митева: Работниците втор ден штрајкуваат, а СДСМ нема намера да им помогне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Miteva-23.06.2022

СДСМ гласаше против линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, што е и обврска на власта да го реализира, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Владејачкото мнозинство не ја почитува обврската која доаѓа по зголемување на минималната плата, а со цел постигнување на еднаквост. Не гласањето тие го оправдаа со навреди кон работниците.

— реклама —

Истите овие пратеници кога станува збор за потребите на власта гласаат за проширување на буџетот и за ставките за непродуктивни трошоци.

Само кога станува збор за народот и за намалување на ударот од кризата врз народот власта не презема ништо.

— реклама —

Истите овие пратеници гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и против намалувањето на ДДВ-то од 18% на 5%.

Колку се неразумни пратениците на СДСМ може да се види и од фактот дека сите влади во време на криза носат мерки кои му помагаат на народот само СДСМ го прави спротивното.

— реклама —

СДСМ не прифати покачување на платите на работниците, ниту намалување на акцизата и даноците на горивата затоа што не им е грижа за народот.

И двата предлога не ги поддржаа затоа што сакаат повеќе пари во најмегаломанскиот буџет до сега за да имаат повеќе за крадење. Работниците втор ден како штрајкуваат, а СДСМ нема намера да им помогне.

— реклама —

Народот, работниците, треба да знаат дека власта не сака да се откаже од дел од приходите во буџетот, за да даде поголеми плати или за да ги намали цените на горивата.

Ние од први јули ќе немаме поголема плата, и нема да купуваме поевтино гориво, а кризите се повеќе и повеќе ќе се продлабочуваат со оваа влада. Затоа велиме премногу е. Време е за промени“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања