Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Митева: Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас и јасно се гледа интенцијата на СДС да ги згрижи своите кандидати кои изгубија на последните локални избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
policija-policisko-vozilo

Денес портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева по прес конференцијата беше запрашана од медиумите за коментар за тоа што ДКСК има донесено одлука дека постои партиско влијание за вработување на кандидатите за градоначалници од редовите на СДСМ во МВР и влијание од пратеникот Мартин Костовски за вработувањето на неговата сопруга во МНР.

— реклама —

„Ова за жал е уште еден доказ кои се принципите на владеење на власта на СДС И ДУИ - непотизам, лични интереси, партиски вработувања и криминал. Скандалозно е тоа што вработувањата во МВР се без јавен оглас и јасно се гледа интенцијата на СДС да ги згрижи своите кандидати кои што изгубија практично на последните локални избори“, појасни Митева.

— реклама —
— реклама —

Исто така таа нагласи дека потребен е рестарт на системот, власта да си замине и да започне негување на вистинските вредности согласно мерит системот.

— реклама —

„Исто така, онаа прекршочна казна која што ја добил пратеникот Мартин Костовски сметаме дека е сосема недоволна! Потребен е комплетен рестарт на системот, оваа власт да замине што поскор и да започне негување на вистински вредности согласно мерит системот, а партизацијата на институциите со СДС на власт мора да биде минато“, рече Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања