Промени тема
Контакт

Митева: Со „Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library72tvbeicqbg661UUKxe

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.

„Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.

Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за „Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.

„Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:

— реклама —

„Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.

— реклама —

Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.

„За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.

— реклама —

Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции.

„Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираат

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5gu481ffohqlbTlmn3q

ВМРО-ДПМНЕ удри по Врховниот суд за „Ласкарци“ и Јакимовски: „Остатоците на СДС и ДУИ ги штитат криминалците“

Македонија | пред 1 ден

media-library0h6umhreaottaXNKC2P

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со уличарски речник ја потврдува сопствената политичка немоќ, нека го погледнат видеото на Дејвид Гета

Македонија | пред 1 ден

media-librarysvm5e2qtaoq66nuSAeH

Бране Петрушевски гостин на шведскиот изборен процес во Стокхолм

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања