Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Митева: Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sonk

„Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

„Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките.

— реклама —

Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари.

Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-09-23-at-17.31.00

Огромно незадоволство на членовите на СОНК, оти платите не им се усогласени на професорите

Македонија | пред 1 година

IMG_4387

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, вели Неделков

Македонија | пред 1 година

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски за платите на наставниците: Ова зголемување е најголемото досега

Македонија | пред 3 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

Се договрија наставниците со државата, откриен процентот на покачувањето

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања