Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Владата од ново не уверува дека со СДС и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот.

И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку СОЗР купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари.

— реклама —

Ова е договорот почитувани, кој е склучен на 24.04.2023 година помеѓу СОЗР и три економски оператори. Овој договор е Рамковна спогодба со која на договорниот орган му се дозволува да повлекува производи од палетата која е понудена во текот на целиот договорен период. Договорот е склучен со три економски оператори, со тоа што му се дава можност на СОЗР ако еден економски оператор не може да ја изврши нарачката, институцијата истиот пијалок да го нарача од друг економски оператор, по цените кои што се понудени од секој поединечно.

Кога ќе ги погледнеме цените по кои владата на Ковачевски преку СОЗР ќе нарачува, може јасно да заклучиме зошто владата нема пари за народот.

Почитувани,

— реклама —

Функционерите од СДС и ДУИ ќе имаат можност да пијат високо квалитетно вино, означено како Барик вино со контролирано потекло во пакување од 0.75 литри по цена од 2.293 денари.

Додека народот преживува со 150 денари на ден, Ковачевски и неговите министри и директори ќе имаат можност да пијат виски од 1 литар, со минимум 42% алкохол кое чини 2.730 денари. А, кога ќе сакаат да пијат нешто поскапо, ќе пијат Бурбон виски во шише од 1 литар и со минимум 42% алкохол кое чини 3.413 денари.

— реклама —

Додека болните од дијабет чекаат инсулин, функционерите од власта ќе се засладуваат со крем ликер набавен за 2.034 денари.

Кога народот ќе купува поевтини тестенини, министрите и директорите на Ковачевски ќе наздравуваат со пенливо полуслатко бело вино од 1.331 денар.

Додека студентите ги чекаат парите за студентски оброк, и се борат за денар повеќе, луѓето околу Ковачевски ќе можат да пијат Коњак кој ќе чини и до 3.413 денари.

— реклама —

Овие пијалоци, во кои ќе уживаат функционерите од власта, половина милион луѓе во Македонија можеби воопшто нема да можат никогаш да ги пробаат.

Почитувани,

Вака изгледа луксузот на власта на сметка на сиромашниот народ. Ова мора да има крај“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања