Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Митева: Заради односот на СДС и Бисера Стојчевска кон Универзална таа изгоре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Miteva-23.06.2022

,, Секој ден со СДС и ДУИ на власт губи Македонија, губи Скопје, губи народот дел од своето. Поради неодговорноста на Димитар Ковачевски и Бисера Костадиновска Стојчевска кон Универзална сала, денес таа беше опфатена со огромен пожар.

Симболот на постземјотресно Скопје 7 години е оставен на забот на времето, претворен во градежна руина.

— реклама —

Подолг период наназад прашуваме кога е распишана набавката за реконструкција на Универзална сала, зошто на сајтот на Бирото за јавни набавки таква набавка од страна на министерството нема. Прашавме кој е избран за изведувач и на кој начин? Кој е надзор и, исто така, како е избран надзорот, но одговори не добиваме. Но затоа, веќе, вчера дознавме дека градежните фирми во Македонија реагираат на условите кои Министерството за култура ги бара од изведувачот, а салата сепак се гради.

Па оттука прашуваме како Ковачевски и Бисера Костадиновска градат, а изведувач нема?

Почитувани граѓани,

— реклама —

Штетата која СДС ја направена по Универзална сала е непроценлива.

Ковачевски и Стојчевска по промената на власта ќе одговараат за нивниот однос кон симболот на Скопје.

— реклама —

Во Универзална сала подолг период власта веќе презема градежни активности, и затоа тие мора да одговорат какви материјали вградиле во изминатиов период и кој бил изведувач? Дали се вградени огноотпорни материјали или како примерот со Тетовската модуларна болница е вградувано што им се видело поевтино? Затоа што Универзална сала 50 години стои како симбол на Скопје и во моментот кога оваа криминална власт ја доведува до руина и вградува материјали со цел реновирање истата, таа гори.

Ковачевски и Стојчевска мора да одговорат на сите овие прашања, но и дали Универзална сала има осигурување?

Очекуваме одговори, но треба да знаат дека ќе има и одговорност.

— реклама —

А СДС да им се извинат на скопјани, зошто не само што не успеаја да ја сочуваат постојната форма на Универзална сала, туку и со нивниот однос кон неа дозволија таа да изгори.

Ова мора да се промени. Односот кон нашето заедничко мора да биде со поголема одговорност. Граѓаните имаат шанса за промени. А, тие промените се поддршка на изборите за Македонија повторно во рацете на граѓаните.”, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања