Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Митрески: Избори ќе има на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
06_02_2020_Mitreski

Избори на 12 април ќе има и од тоа ВМРО-ДПМНЕ не може да избега. ВМРО-ДПМНЕ блефира да спречи некои процеси во државата, за да не влезе во процедура законот за јавно обвинителство, како и некои други закони кои се од интерес на граѓаните, истакна, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, одговарајќи на новинарско прашање и нагласи дека  Сите уставни и законски рокови во однос на изборите ќе ќе бидат почитувани ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да избега  од избори на 12 април, истакна Митрески.

— реклама —

На новинарско прашање околу консултациите за законот за јавно обвинителство, Митрески рече дека претставници на пратенички групи имаат работни средби со Министерството за правда како предлагач на тој закон, само ВМРО-ДПМНЕ не сака да се донесе законот.

-Единствено ВМРО-ДПМНЕ не влезе со свои предлози зошто не сака да се донесе законот. Јас исклучиво верувам и се надевам дека таков компромис ќе се постигне со другите пратенички групи и ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за носење на овој закон, рече Митрески.

— реклама —

Тој изрази надеж дека овој закон ќе биде донесен ако се усогласи текстот на законот онака како што треба да биде,  за да има правда во оваа држава, за да не се спречи правдата во оваа држава, ако се надминат сите суети и ако се испочитуваат роковите.

фото: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања