Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Митрески: На опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не и е битно здравјето на граѓаните, не дозволија да започне седницата и да се донесе Законот за лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
18-01-2021-Mitreski

Се јавувам за процедурално во однос на членот 95 каде што се утврдува мнозинството за носење одлуки и должен сум како координатор на пратеничката група на мнозинството да ја известам јавноста како што впрочем кажа и претходно претседателот дека еден од пратениците е позитивен,ги доби резултатите. За уште еден пратеник чекаме резултати од тестирањето впрочем заради тоа не може да се обезбеди мнозинството, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

— реклама —

Митревски додаде:

— реклама —

Од друга страна сакам да кажам уште една друга работа а тоа е неприсуството на опозицијата. На онаа опозиција којашто го блокираше носењето на Деловникот баш за вакви ситуации за да не се кочи работата на Собранието односно да може да учествуваат и да одлучуваат пратеници кои се позитивни и кои се во изолација.

— реклама —

Но тогаш а и ден денес опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ а кога велам предводена од ВМРО-ДПМНЕ мислам и на Алијанса и Алтернатива и мислам и на Левица затоа што како што прави ВМРО-ДПМНЕ така прават и тие. Не присуствуваат за да не може да почнеме со работа. Денес на дневен ред како што пред мене кажа и колегата Ненад Коциќ е Законот за лекови којшто е директно поврзан со вакцинирањето. Очигледно на опозицијата не им е битно ниту вакцинирањето ниту здравјето на граѓаните затоа што денес не присуствуваат и не даваат можност да продолжи оваа држава да работи во интерес на граѓаните.

Да е апсурдот поголем на дневен ред денес е интерпелацијата на министерот Димитров, точка која што е предлог на опозицијата и очигледно е и јавноста треба да знае дека тоа го прават само заради театар, само заради прогласување на наводни предавници или наводни патриоти. Тие тоа што го прават е во договор со она што се случува и во Бугарија нивниот коалиционен брат таму го прави во Бугарија, тие го прават овде ама тоа е само за театар за граѓаните.

— реклама —

Ако сакаа да дискутираме денес барем ќе присуствуваа за да може да донесеме дневен ред за да може да дискутираме и за интерпелацијата на Димитров и да ги судриме фактите и аргументите. Очигледно се ова што прави опозицијата е само деструкција, само блокада и ова е очигледно уште еднаш потврда за она што го зборуваме цело време односно антинародно и антидржавно однесување на опозицијата. Само заради јавноста чувствував потреба да кажам дека мнозинството денес го нема потребниот број 61 пратеници затоа што има пратеник позитивен и има пратеник којшто чека резултати од тестирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања