Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Митрески: Одиме напред, економијата е во нагорна линија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_4097

Одиме напред, економијата е во нагорна линија, успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, истакна на денешната пресс конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Во 2018 година постигнат е рекорден, историски износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра. Странските инвестиции во 2018 година се за два и пол пати повисоки од 2017 година, кога тие изнесувале 181 милион евра. Инвестициите носат повеќе пари, можности за отворање нови и подобро платени работни места, подобар животен стандард на граѓаните.

— реклама —

Само за една година, во странските инвестиции се отвориле 4.500 нови работни места, со што позитивно се влијае врз намалување на невработеноста, на растот на платите и растот на бруто домашниот производ. Она што е особено значајно е податокот дека во 2018 во нашата економија најмногу инвестирала Велика Британија, а по неа следува Сојузна Република Германија. Тоа е потврда дека процесот на интеграција, стабилноста и успешните економски политики се препознаени и носат бројни придобивки за граѓаните.

Кога зборуваме за интеграција, за членство во НАТО и ЕУ, зборуваме и за повеќе инвестиции, подобро платени работни места, силна економија и подобар животен стандард. Република Северна Македонија станува атрактивна земја за инвестирање. Годините на уназадување, стагнација и затвореност се зад нас.

— реклама —

Почитувани,

Членството во НАТО, напредокот во интеграцијата кон ЕУ, спроведените реформи и успешните економски политики отвораат можности инвестициите дополнително да се интензивираат, а со тоа да се интензивира и економскиот раст, напредокот. Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, истакна Митрески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања