Промени тема
Контакт

Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Се што ветивме за земјоделците досега, исполнивме.

Зелена нафта, авансна исплата на субвенции, ИПАРД грантови за мали производители.

Во наредниот мандат продолжуваме со рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци, кои ќе бидат наменети за модернизација, за поголеми приноси, за подобар квалитет, за извоз на македонското земјоделство.

— реклама —

Обезбедуваме 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат.

Имаме конкретен план за да обезбедиме рекордно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1,5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.

Вложуваме нови 100 милиони евра во руралниот развој.

— реклама —

Предводуваме поддршка за сточарството, за винариите, за младите земјоделци, за жените земјоделки.

Од 10 на 15 илјади евра го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци.

Ќе има инвестиции во системите за наводнување, со кои обезбедуваме наводнување до нови над 21.000 хектари.

— реклама —

Планот за европска иднина на Македонија е реален, со конкретни мерки кои ќе донесат и конкретни резултати.

Покажавме дека имаме капацитет и знаење, но и дека имаме и план и храброст тој план да го реализирам.

Со почетокот на преговорите и со зачленувањето во ЕУ, се отвораат нови перспективи и за земјоделците.

— реклама —

Затоа, Ве повикувам на 24 април и на 8 мај да дадеме силна поддршка за СДСМ и за Коалицијата за европска Македонија, бидејќи ние обезбедуваме прогрес, развој и унапредување за сите.

Гласаме за бројот 1!

Нема откажување од иднината!", изјави Јован Митрески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp8qt6jur7sm1bvCaA34

СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е добредојден во ЕУ, што брани Мицкоски?

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
7478438452_99cbe66773_b

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има дилеми за атентатот врз Глигоров, нека го праша Фрчкоски

Македонија | пред 19 часа

10637golema

31 година од атентатот врз Глигоров, СДСМ: Тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април повторно

Македонија | пред 21 час

media-libraryog60n8coau9ieBMVNXd

СДСМ: Стигна програмата на Платформа - ЗНАМ 2.0

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања