„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Митрески: Власта има интерес само за тендери, не ѝ е гајле за работниците и нивните плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
media-librarybdb5jtbi8o8k8qCexBS

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески во Собранието побара минималната плата да се зголеми на 600 евра, оценувајќи дека сегашната не обезбедува достоинствен живот поради раст на цените и инфлацијата. Тој наведе дека за синдикалната кошница во 2017 биле потребни 5 минимални плати, во 2024 – 2,2, а денес повторно 3–4 поради поскапувања на основни производи. Побарувањето го нарече системско решение и фактор за поголема продуктивност, обвинувајќи ја власта за ПР и игнорирање на работниците.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

-Денешната минимална плата не дозволува или не обезбедува достоинствен живот, туку претставува обично преживување на нашите граѓани. Денес, кога цените растат и кога инфлацијата го јаде семејниот буџет, минималната плата мора да расте. Затоа ние, како пратеничка група, бараме зголемување на овој износ на минимална плата на 600 евра, затоа што сегашниот не обезбедува достоинствен живот на нашите граѓани, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески на денешната собраниска седница.

— реклама —

Тој посочи дека ова барање не е ниту симболично, ниту предизборно, туку е решение, систематско и оправдано, затоа што работникот не смее да биде најслабата алка во економијата.

„Кога наследивме власт во 2017 година, пет минимални плати беа потребни за да се пополни една синдикална потрошувачка кошница. Во 2024, таа бројка падна на 2,2 минимални плати. Денес, после две години владеење на оваа гарнитура, дојдовме до ситуација 3, 4 минимални плати да бидат потребни за една минимална кошничка, затоа што цените растат со голема брзина. Појдете во кој било маркет: брашното, на пример, во 2017 или 2018 беше 42-45 денари по килограм, денес 55 денари. Намалуваат пакувањата,  не е веќе ни од 1 кг, туку 800 гр. Маслото,  од 62-76 денари во 2024, сега за две години 95. Млекото,  од 48 денари во 2020, на 74 во 2024, денес 72, 76, 85 во зависност од производителот,“ објасни Митрески.

— реклама —

Тој посчи дека дека денес зборуваме за основни производи на нашите граѓани. Зборуваме дека платата која ја бараат да биде 600 евра е за да обезбеди основна егзистенција, основно преживување, а не луксузирање.

-Но, ние зборуваме и за ВМРО, кое кога нема аргументи повикува на кредибилтет. ДПМНЕ, кое за година и пол, за една фирма има 161 тентар, 51 тендер за друга, 74 за трета, девет милиони евра на фирма со двајца вработени. Па, нормално дека не им е гајле ниту за работниците, ниту за нивната минимална плата. Ако не сакаат да зборуваме со аргументи, може да зборуваме и вака: вас само интересот ви е за тендери, не за работниците и за нивната плата, рече Митрески.

Тој појасни дека еден од факторите за зголемување на продуктивноста и мотивираноста на работниците е зголемување на нивната плата на 600 евра. Наместо да се запрашаме што се случува и што треба да правиме за нашите работници, денес валста измислуваат ПР-финти за да се затвори прашањето. Ова не е тема за јавноста, ниту е

ПР-прашање и не може да се реши со пропаганда.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања