Го поздравуваме писмото кое го испрати претседателот на државата до патријархот Вартоломеј и добро е што државниот врв се интересира да се реши спорот со црковното прашање, вели за ТВ24 митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ, отец Тимотеј. Тој не гледа на овој потег како мешање на државата во црковните работи. На прашањето дали Пендаровски претходно бил на координација со претставници во Македонската православна црква, Тимотеј одговори:
„Jaс лично не сум имал средба и мислам дека немало таква официјална средба. Но, е за поздравување тоа писмо затоа што вселенскиот Патријарх има таква надлежност, признавање на МПЦ во православниот свет“.
Отец Тимотеј за ТВ24 потврди дека односите со бугарската црква не се одвиваат на исто интензивно ниво како претходно.
„Во однос на Бугарија, со овој политички контекст и последното писмо на Пендаровски можам да кажам дека никоја не е потценет ниту запоставен. Не можам да ја коментирам релацијата со Бугарија, ние немаме интензивна комуникација, но сметам дека стои и ја поддржува се уште МПЦ, надвор од сите политички случувања. И корона кризата си го направи своето, сепак таква комуникација не може да се одвива телефонски“ вели Тимотеј за ТВ24.
Текстот во целост на: ТВ24