Промени тема
Контакт

Митрополитот Григориј со остри критики: Политиката на Бугарија кон Македонија е „трагедија на заедничкото добро“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarykt48cb9qknsrbLj0E5S
screenshot youtube

Во своето илинденско слово, митрополитот Кумановско-Осоговски г. Григориј упати остри критики кон политиката на Бугарија кон Македонија, оценувајќи дека таа претставува „трагедија на заедничкото добро“ и „трагедија на православното христијанство“.

Осврнувајќи се на односите меѓу двете држави, митрополитот посочи дека политиката „направи го својот сосед – просјак“ има за цел да ги влоши политичките и економските состојби во соседната држава, оценувајќи дека таквиот пристап ѝ носи корист на државата што го спроведува, а им штети на соседите.

— реклама —

Во словото, тој ја критикуваше и Европската Унија, тврдејќи дека покажува протекционистички однос кон Бугарија и дека не реагира соодветно на, како што наведе, повредите на принципите за човекови права, недискриминација и владеење на правото.

— реклама —

Митрополитот Григориј оцени дека барањата за уставни и законски измени во Македонија претставуваат мешање во внатрешните работи на суверена држава и изрази став дека тие можат да имаат последици врз македонскиот национален идентитет.

— реклама —

Во своето обраќање тој порача дека љубовта кон сопствениот народ не треба да се претвори во национализам и непријателство кон соседите, повикувајќи се на библиската порака „Сакај го ближниот свој како себеси“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања