Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Митровиќ : Резултатот да се запише над влезната врата во комитетот како потсетник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mirovic

Редовниот аналитичар на „Охрид 1“ угледниот историчар Доц. Д-р Никола Митровиќ Бабе анализирајќи ги резултатите од изборите констатира дека ВМРО ДПМНЕ навлегло во огромна дискрапанца помеѓу резултатите на централата во Скопје предводена од Христијан Мицкоски кој се етаблира на кормилото на партијата и води напред кон победа на наредните избори и локалниот комитет кој доживеа катастрогален резултат.

— реклама —

Анализата на Митровиќ ( кој беше и портпарол и главен ПР на партијата во Охрид, време кога се нижеа најголемите победи ) ја пренесуваме во целост:

Политичкиот ментален дискурс во градот Охрид на претседателско/локалните избори на прв поглед изгледа помалку збунувачки. И можеби е така за онај кој добро не ги согледува и разгледува теренско аналитичките статистики во политичката сцена на Господовиот град Охрид. Тоа најмногу се рефлектира на оние кои укажуваат дека не се гледа големата слика и во СДСМ а особено во ВМРО ДПМНЕ. Но најлошо е кога мали играчи зборуваат убедително за големи политички слики.

— реклама —

Но да одиме по ред, ВМРО ДПМНЕ Охрид е во постојан слободен пад на гласачи и политичко влијание од 2016 година. Тоа го покажуваат резултатите на претходните локални избори како и на вчерашните Локални избори на кои најпрвин пред година и пол се доби само околу 13800 гласови и кога се мислеше дека е допрено дното на вчерашните локални избори имаше уште полош резултат. Дури мислам дека овај резултат треба да запишан на влезот од штабот на Општинскиот Комитет и да се потсетува и да се вели никогаш да не се повтори. Но ако лекцијата не е научена тогаш оние добро познати политички личности на шега зборуваат дека повторно како во минатите Локални избори во ВМРО ДПМНЕ наместо да се оди кон одговорност и оставки се одеше кон унапредување во партиските тела, па до каде ќе стигне раководството сега е знак прашалник.

Но да бидеме реални, ВМРО ДПМНЕ не е исто што и ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, бидејќи централата го направи своето и врз основа на лидерските способности на Христијан Мицкоски и неговите најблиски луѓе успеа да ја обои картата на Македонија во црвено, но поради маргинални политички дејци,  а во Охрид таквите успееаја да потклекнат дури две еминетни докторски имиња во само две години, а такви ги има многу низ нашава земја, не се успеа доволно да се добијат уште 50 000 гласови.

Маргинални политички дејци е пред се заслужен епитет поради неможноста ни во местата од каде потекнуваат да направат позитивен политички резултат. Политички локални маргиналци на кои за се им е крив некој во минатото, а самите тие биле дел од тоа минатото и тоа на врвни позиции. Политички локални маргиналци кои очекуваат да бидат дел од пратеничките листи без никаква заслуга. Затоа, политичката мудрост на Мицкоски мора да биде видлива, партискиот морален суд да биде јасен и да не се дозволат дискридитации од локални политички лица кон поранешни политички функционери, членови кои без никакво образложение беа дислоцирани, напаѓани, минимизирани и слично, а во својот политички живот на локално ниво никогаш не побарале ниту добиле било каква власт, а ја докажувале својата лојалност и искреност кон ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски треба да бара умни луѓе, без црна дамка и да се потпре на нив. Доколку не биде така Охрид уште долго време ќе остане тврдина која неможе да се завземе. Мицкоски мора да започне со реформи во партијата кои за две години ќе му донесат успех.

Од друга страна СДСМ преку Константин Георгиевски на локално ниво покажа и докажа дека има личности кои низ партиските тела веќе ги третираше како лица кои треба да бидат насочени кон лидери, а не дислоцирани. И тука успехот беше неминовен. Од друга страна на државно ниво СДСМ и покрај изборот на Претседателот Пендаровски, и тоа како мора да биде свесна дека во моментов Христијан Мицкоски со ВМРО ДПМНЕ е веќе во предност и на секое наредно гласање веројатно таа предност ќе се зголемува.

Следна ќе биде објавена анализата на политичкиот социолог Васе Врангалоска.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања