„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Михаил Трендафилов – Нанче: Ќе создадеме совет на мудреци – тип Охридска влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nance

28 години само по време на избори ги повикувате здруженијата со разно -разни ветувања. Јас сите здруженија ги сакам и за мене се на исто рамниште. Секој има да каже по нешто што ќе може да помогне на Охрид. Јас за време на изборите нема да ги злоупотребувам, да им давам празниветувања и да се сликам со нив. Срам ми е после 28 години лажење јас да бидам уште еден кој ќе ги излаже, се вели во соопштението од ГДУ.

— реклама —

Доколку ги добијам изборите, првата работна недела ќе ги поканам на работен состанок во кабинетот на градоначалникот, на кој тие ќе ми ги претстават своите визии и проекти кои јас како градоначалник ќе треба да ги реализирам. Без граѓанскиот сектор, без умните луѓе во Охрид и експертите од сите области, нема како да го преродиме Охрид и да го издигнеме до ниво Охрид- ГРАД-ДРЖАВА.

— реклама —

Ќе создадам совет на мудреци кон градоначалникот на општината- тип охридска влада, во кој ќе ги вклучам сите умни луѓе и претставници на невладиниот сектор од различни области, кои сакаат да работат за нашиот Охрид. Секој има да каже нешто што не го знае другиот. Секој има некоја убава идеја која може да прерасне во проект, кој ќе го направи Охрид поубаво место за живеење и попривлечен за туристите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања