Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Михаилов: Се појавува нов вид „екотероризам“ во ридско-планинските предели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-librarygd2k5tba67m221tbPgr

Заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов предупреди на, како што наведува, зголемена појава на нелегална сеча на родни дрвја низ повеќе региони во Македонија, оценувајќи ја состојбата како „нов екотероризам“.

Според Михаилов, во текот на неделата при движење низ различни делови од државата бил забележан зголемен интензитет на сеча на сливи, особено во ридско-планинските предели, како и на тополи.

— реклама —

Тој тврди дека поради засилените контроли на терен, дел од дрвокрадците се пренасочиле кон дрвни видови кои се наоѓаат на државно земјиште, но не подлежат на Законот за шуми.

— реклама —

„Апелирам до институциите да се вклучиме во посериозна контрола во сечата на овие дрвни видови“, наведува Михаилов, додавајќи дека дрвата често завршуваат во дворовите на граѓаните преку фирми што тргуваат со огревно дрво.

— реклама —

Тој посочува дека овошните дрвја имаат важна улога во природниот екосистем, не само поради производството на кислород, туку и како извор на храна за дивите животни и птиците.

„Оваа појава на нов зголемен екотероризам мора да ја спречиме“, порачува Михаилов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

48062922_2255007034783062_3077521114725875712_n

Кривична за вработен во „Национални шуми“ – оштетил претпријатието за над 500.000 денари

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
IMG_5026-1

Заменик-директорот „тресеше“ подружници на Македонски шуми: на кој како му текне доаѓал и си одел

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања