Директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, како што објави на својот профил на ФБ, по една година непрекината работа без користење одмор, најави дека заминува на неколкудневна пауза по интензивната и исцрпувачка борба со пожарите во струмичкиот регион.
ЕКИПО, ОДАМ НА НЕКОЛКУДНЕВНА ПАУЗА
И така веќе една година откако сум назначен за Директор немам користено одмор, па штом незнам редовно, еве тогаш присилно.
Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднал на линијата од огнот од вдишување на чад бранејќи ја викендицата на чичко му и беше буквално дезориентиран.
Се надевам за кратко и чичко му и братучед му кои останаа на викендицата заобиколени од сите страни од огнот, ќе бидат добри.
Морам да се поклонам на дечките од хеликоптерите кои со прецизни фрлања го спречија огнот да дојде до нас, а уште повеќе на дечките од МВР Струмица и специјалната единица со пинцгауерите кои заедно лично со командирот Никола на СВР Струмица го направија буквално невозможното.
Браво дечки, поклон!
И само да знаете почитувани мои пријатели, воопшто не жалам што сум овде, туку жалам за тоа што после 5 дена лавовска битка, денеска конечно оганот ни излезе од контрола и влезе на територијата на општина Радовиш!
За кратко се гледаме повторно онаму каде ќе бидам најпотребен, рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло, за арно и убаво.
Да сте ми живи, здрави и среќни сите,
а нашата МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна!