Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Михајловски со порака до „предавниците“ од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
toni-mihajlovski

Актерот Тони Михајловски, кој истовремено е и член на Извршниот комитет на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски им се обрати на пратениците кои гласаа за уставните измени, како и на оние кои си поднесоа оставки во изминатиот период нарекувајќи ги велепредавници.

— реклама —

„Тешко кога ќе се скараш со себе, заради нешто што си го говорел, или направил, пред само година дена. Секој од нас има такви моменти во својот живот. И тоа се прави пред сопственото огледало.

Но тоа е ништо, во споредба со признанието дека не сте се лажеле само себе си, туку сте ги лажеле и 160 000 членови на ВМРО-ДПМНЕ, и уште 240 000 симпатизери.

— реклама —

Тие кои ве гласале, следеле, бранеле од напади и верувале во вас.

Оние кои јасно сте ги повикувале да ви веруваат и да гласаат за вас, за вие денес да бидете тоа што сте.

Сте ги лажеле вашите пријатели, браќа и сестри.

Оние со кои сте делеле и добро и лошо.

Сте го лажеле Претседателот Христијан, и почесниот Претседател Никола, ветувајќи им дека никогаш и под никакви услови нема да отстапите од чувањето на националните и државни интереси, почитувањето на конгресни одлуки и борбата за достоинството Македонија и македонскиот народ, за да ве изберат и ве понудат на членството и граѓаните како носители на одговорноста, светлата иднина и подобар живот.

Ако сте успеале да лажете толку многу луѓе, и толку долго време, вие сте мајстори на лагата. Тешко на оној кому вие, во иднина, ќе му ја нудите вашата “доверба”.

Вие сега сте паралага, која се пласира од страна за да ја следи основната лага, и да и потпомогне во уверливоста“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања