Мизрахи: Недозволиво е една држава да покажува волкава некадарност, имаме комплетна дисфункционалност на системот или пропадната држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
misrahi

На вечерашната „Само Вистина“ гостуваше пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која за актуелното бегство на екс директорот на УБК Сашо Мијалков истакна дека не е дозволиво е една држава да покажува волкава некадарност, имаме комплетно дисфункционалност на системот или пропадната држава.

— реклама —

-Недозволиво е една држава да покажува волку некапацитетност и некадарност да се оддржи системот, и заради тоа сметам дека властите треба да одговорат на тоа како е можно да се случи вакво нешто, во спротивност само ќе докажат дека имаме комплетна дисфунционалност на системот, истакна Мизрахи.

— реклама —

Мизрахи посочи дека проблемот за влезот во ЕУ треба да го бараме во пропаѓањето на нашите системи, тоа го гледаме во здравствениот систем, во системот за труд и социјала, а сега го гледаме на цело државно ниво и тоа многу интензивно во последните три години, а ова не е показател на држава која го губи капацитетот, туку комплетно пропадната држава и немање на систем во истата.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања